Составот кој победува не се менува - Раул ги одбра истите 16!

Македонија нема потреба да менува за реваншот против Романија, па со истите 16 од наптреварот во Скопје ќе се спротивстави и во Клуж.

Раул Гонзалес не направи промена за реваншот со Романија, денеска во 17.30 часот. Иако Златко Даскаловски дојде со репрезентацијата, тој не доби шанса и опции на голот остануваат Борко Ристовски и Никола Митревски. За друга промена не ни имаше најава затоа што Македонија допатува во Клуж со истите 16 од неделата, плус Даскаловски.

Романците, пак, имаат две нови имиња во својот тим. Левото крило Росу се повреди во Скопје и ќе биде заменет од Цог, а ќе игра и пивотот Соаре, на местото на Кабут. 

Селекторот Чави Пасквал имаше проблеми со повредени играчи уште пред првиот меч, па мораше да прави шест замени, хендикепиран со отсуството на најдобриот ракометар, Шимику. 

Натпреварот почнува во 17.30 часот, а Македонија брани 32-24 од Скопје.