Словенија со фуриозна завршница ги доби Португалците и се врати во игра за полуфинале

Репрезентацијата на Словенија забележа уште една победа на Европското ракоемтано првенство, овој пат над незгодната Португалија со 29-24 и со тоа ги задржа шансите за пласман во полуфиналето.

Натпреварот почна неизвесно, се играше гол за гол, а на полувреме Португалците заминаа со гол предност, односно 15-14. Сепак, Словенците одиграа најдобро кога беше најпотребно, па во вториот дел прво израмнија на 19-19, а потоа го преземаа водството кое го зголемуваа од минута во минута за конечни. Со последните десетина минтути, Словенците направија серија од 5-2 за конечни 29-24.

Најефикасен на натпреварот беше Блаж Јанц кој постигна 7 голови, а неговите соиграчи Борут Мацковшек и Јуре Доленец по 6. Во противничкиот табор најефикасен беше Андре Гомеш со 6 голови. Двајцата голмани забележаа двоцифрени интервенции, Анфреду Кинтана одбрани 15 удари, но од 43 шутеви, додека Клемен Ферлин бранеше 10 од 33 удари.

Со оваа победа Словенија има 6 бодови, а во последното коло игра со фаворитот Норвешка. Ќе се надева и на кикс на Унгарија вечерва против Шведска бидејќи при евентуална делба на второто место ќе извиси Словенците кои во меѓусебниот дуел со Унгарија беа поразени.