Симовски го објави списокот на ракометарки повикани за ЕХФ-неделата

Македонските репрезентативни ракометарки ќе имаат собир во рамки на ЕХФ-неделата во Скопје, а селекторот Симе Симовски го објави списокот од 18 ракометарки кои ќе присуствуваат на подготовките.

На списокот се наоѓаат ракометарки од Куманово, Вардар, Чари и Металург, како и дел од интернационалките.