Шпанија го наполни голот на Уругвај, Катар со пресврт до триумф против Бахреин

Шпанија запиша уште еден триумф на Светското ракометно првенство (СП) во Египет, откако денеска беше подобра од Уругвај со 38-28.

Шпанците доминираа од самиот почеток на натпреварот, а во првото полувреме постигнаа дури 24 погодоци во мрежата на Уругвај и на полувреме заминаа со водство од 24-12, по што во вторите 30 минути одиграа рутински и на крајот триумфираа со 38-23.

Арино беше најдобар во редовите на Шпанија, откако постигна девет погодоци, додека кај Уругвај најефикасен беше Кансио со осум погодоци.

Катар одигра тежок меч против Бахреин, откако првиот дел го загуби со 13-14, но со пресврт успеа да триумфира со 28-23.