Шокантна изјава на еден од најдобрите ракометари на ЕП: Мајка ми за малку ќе ме обесеше!

Еден од најдобрите ракометари во репрезентацијата на Словенија, Деан Бомбач, ја шокираше јавноста пред четири години откако за медиумите откри дека бил исфрелн од дома.

На Европското првенство што се игра во овие моменти, Бомбач игра феноменално, а со своите потези кои ги прави на теренот ја фрапираше спортската јавност.

Моите родители во малдоста ме насочуваа кон спортот. Почнав да играм фудбал затоа што дедо ми беше тренер. Играв со постарата генерација и малку се истакнував на теренот, а кога дедо ми си замина од клубот, постојано плачев. Исто така се сеќавам на денот кога запалив лустер. Се качив на креветот и го запалив лустерот кој беше направен од платно. Мајка ми за малку ќе ме обесеше. Беше премногу строга. Татко ми беше посмирен, но никогаш не кренаа рака на мене и на сестра ми. Правев премногу глупости. Ѕвонев на ѕвончиња и потоа бегав. Неколку пати повикував и полиција, демек има проблеми, а потоа бегав. Исто така одлучив да го напуштам училиштето, а мајка ми буквално ме исфрли од дома. Живеев со баба ми и дедо ми некое време. Потоа почнав посериозно да играм ракомет, а тоа на крај  ми се испалтеше, изјави Бомбач пред четири години за словенечките медиуми.

Инаку, тој во моментов игра за Пик Сегед во Унгарија, а пред тоа настапуваше и за Киелце, Динамо Минск и Копер.