Шест ракометарки отпаднаа, Савевски ги одреди 16-те за Оран

Познат е составот и на женската ракометна репрезентација на Македонија, за Медитеранските игри во Оран, Алжир.

Селекторот Љубомир Савевски реши да не патуваат Нина Попова, Наталија Максимовска, Сара Богоеска, Анастасија Тодоров, Ива Велкова и Ана Марија Талева. И оној состав кој ќе биде на Игрите во Оран е подмладен и комбиниран, со цел да се испитаат силите и ако може да се најде некоја додадена вредност на А-селекцијата пред Европското првенство на кое ќе бидеме коорганизатори, во ноември.

Делегацијата патува за Алжир вечерва во 23 часот. Наптреварите за македонските ракометарки ќе почнат на 30 јуни, против Турција, ден подоцна вкрстуваме со Србија, а во третото коло, на 2 јули ќе играме против Португалија. Првите две места од групата се пласираат во полуфиналето.

 

КОНЕЧЕН СОСТАВ ЗА МЕДИТЕРАНСКИТЕ ИГРИ:

Марија Јовановска, Андреа Седлоска, Сара Стефановска, Сара Миновска, Теодора Дукоска, Емилијана Ризоска, Ангела Јанкуловска, Ива Младеновска, Јована Кипријановска, Ивана Арсениевска, Александра Коловска, Ивана Џатевска, Борјана Коцева, Бојана Коцева, Матеа Чурлиновска, Марија Јанкуловска