Романците абер немаат! Им игра националниот тим, а тие - ни пола сала! (ФОТО)

Спорт1 веќе објави еден текст за да долови колку малку е важен ракометот во Клуж, дури и кога игра нивниот национален тим, а кога почна дуелот меѓу Романија и Македонија се уверивме дека овде нема надеж за оваа игра.

Од Клуж, ВЛАДКО АРСОВ

Салата „Хорија Демјан“ собира 2.500 гледачи, намерно одбрана од организаторот, знаејќи дека нема интерес за големата „Арена поливалента“ (7.500 седишта). Сепак, дури ни тој капацитет не беше исполнет од романската публика. Впрочем, ги имаше некаде половина. Од овие фотографии на почетокот на мечот се гледа дека колку што има луѓе - толку има и седишта.