РФМ ги ослободи ракометарките, нема меч со Португалија - нема собир!

Со оглед дека се откажаа сите активности во европскиот ракомет, очекувано беше само да се официјализира дека се одложува и обврската за најдобрите македонски ракометарки, планирана за крајот на март.

Македонија нема да ги одигра двата планирани натпревара од квалификациите за ЕП 2020, против Португалија и затоа нема поента да се одржи и собирот на нашата репрезентација.

„Ве известуваме дека согласно Одлуката донесена од страна на Влада на РСМ по последните препораки и забрани од страна на Министерството за здравство за превенција од вирусот COVID – 19, како и препораките на Светската здравствена организација за заштита на здравјето и безбедноста, Европската Ракометна Федерација и Раководството на Ракометната федерација на Македонија донесоа одлука за одложување на претстојните национални квалификациски натпревари. Согласно горенаведеното Ве известуваме дека собирот на женската сениорска ракометна репрезентација, во рамки на ЕХФ неделата во период од  16ти – 29ти Март 2020 годна, се одложува како и претстојните квалификациски натпревари со репрезентацијата на Португалија.“, пишува во соопштението на РФМ.