РФМ: Благодарност до Миркуловски за неговиот придонес за ракометот во Македонија

Македонскиот ракометар Филип Миркуловски вчера го одигра последниот меч за Вецлар, по што се пензионираше, а во иднина ќе работи во германскиот тим како помошник на тренерот.

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) му честиташе на Миркуловски за успешната кариера и му се заблагодари за придонесот за ракометот во нашата држава.