Репрезентативецот Митревски играч на натпреварот во триумфот на Порто!

Чуварот на мрежата на репрезентацијата на Македонија, Никола Митревски, одлично ја почна епизодата на голот на Порто, откако беше избран за играч на натпреварот во синожешниот триумф на португалскиот тим против шпанскиот Адемар Леон (30-26).

Нашиот голман ги мина сите 60 минути на теренот и собра 15 одбрани. Битолчанецот се врати во Португалија по една сезона во Еурофарм Пелистер, а претходно две сезони го носеше дресот на Бенфика.

Порто е првак на Португалија и ќе игра во иста група со Вардар во Лигата на шампионите.