Раул одбра 28 ракометари за стартот на квалификациите за Евро 2020

Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Раул Гонзалез денеска го објави попишрокиот список од 28 ракометари за претстојниот почеток на квалификациите за пласман на Европското првенство во 2020 година.

Македонија ја очекуваат воведните два меча во квалификациите со Турција и со Грција. Првиот меч со Турција е закажан за 25 октомври од 20.15 часот во салата „Боро Чурлевски“ во Битола, а вториот меч со Грција е на гости во Козани на 28 октомври од 18.30 часот.

На списокот се сите расположливи сили, а Раул Гонзалез во следните денови ќе го скрати списокот на ракометари, со кои ќе ги започне подготовките за претстојните два меча.