Раул: Мотивацијата е во главата, а после Исланд не бевме на ниво!

Селекторот на македонската репрезентација Раул Гонзалез изјави по новиот пораз дека Макеоднија не била на 100 отсто од своите можности, што е и очекувано, кога веќе црвено-жолтите не се пласираа во главната фаза од светското првенство во Германија и Данска.

Македонија денеска загуби со 28-30, но Русија го контролираше речиси целиот меч, па Македонија не дојде ни близу за да се надева барем на реми за продолженија.

Русија заслужено победи, честитки за нив, одиграа добро и во групната фаза. Ние почнавме со 'седум на шест', ама направивме многу грешки против нивната цврста одбрана и треба да се каже дека беа подобри од нас. После тие грешки направив промена, но игравме само периодично и постојано ловевме пет-шест разлика. Се боревме до крајот, но промашивме многу, промашивме од отворени позиции. Немавме шанса да се вратиме во мечот зашто противникот добро го контролираше. Не сум задоволен зашто загубивме, но не сум задоволен и зашто не играме во галвата фаза. Ние генерлано не игравме лошо, но имавме пет меча во кои на секој се подготвувавме како за финале, а кога не успеавме со Исланд, нормално е да дојде до пад. Затоа денеска и не бевме на сто отсто од можностите“, рече Раул.