Раул менува за Чиле: Мундијалот заврши за Борко Ристовски!

Македонската ракометна репрезентација денеска од 13 часот го игра последниот натпревар на Светското првенство (СП) во Германија и Данска.

Жолто-црвените ќе се соочи со Чиле во борбата за 15. позиција на СП, а селекторот Раул Гонзалес се реши да направи две замени во екипата.

Голманот Борко Ристовски нема да настапи во последниот натпревар, а шанса на негово место ќе доби Златко Даскалоски. Во екипата ќе биде и Милан Лазаревски, кој за првпат ќе настапи на Мундијалот, а ќе го замени Марио Танкоски.