Раул изненади: Македонија ќе игра само со едно лево крило против Словенија!

Раул Гонзалес ги одбра 16-те играчи со кои Македонија ќе игра, барем, на првиот натпревар од Ервопското првенство, утре против Словенија.

Златко Даскаловски, Велко Маркоски и Гоце Ојлески отпаднаа во првиот филтер и ќе ја чекаат својата шанса како замена, во некој од понатамошните натпревари.

Очекувано беше дека Златко Даскаловски ќе биде „жртва“ на кратењето, како трет меѓу голманите, но изненадување е тоа што Раул го отстрани Ојлески, па ќе остане со Манасков како единствено лево крило.

Дефанзивецот Велко Маркоски отпадна, веројатно, давајќи му простор на својот брат, Никола, кој исто така може да одигра во одбрана, но ќе знае да биде корисен и во нападот.

Кратењето го „преживеа“ дебитантот Мартин Велковски, кој ќе биде во сенка на Кире Лазаров на десната бековска позиција, но очигледно Раул има планови и за него. Остана и десното крило Мартин Поповски, а немаше дилеми и дека Немања Прибак ќе биде тука да помогне и покрај тоа што неговата повреда не е докрај залечена.

Натпреварот против Словенија почнува утре, во 19.30 часот.