Раул го враќа Филип Лазаров за утрешниот меч со Шпанија

Селекторот на македонската ракометна репрезентација Раул Гонзалез направи нова рокада за утрешниот меч со Шпанија, прв за нас во главната фаза на Европското првенство во Хрватска, па во тимот повторно ќе биде левиот бек Филип Лазаров.

Лазаров испадна од комбинација за мечот со Германија, па на негово место играше пикерот Велко Маркоски затоа што левиот бек се пожали на повреда на бутниот мускул. Сега Лазаров е фит за пресметката со Шпанците, а од составот испаѓа Никола Маркоски.

Дуелот на Македонија со Шпанија во Вараждин се игра од 20.30 часот.