Ракометните надежи совладани и од Хрватска

Македонските ракометари до 18 години претрпеа два пораза во двата денешни натпревара на Медитеранскиот шампионат во Атина.

По неуспехот против Тунис порано денеска (17-19), македонските надежи попладнево загубија и од Хрватска, со 21-18. За разлика од мечот со Тунижаните, кога освоивме, барем, една третина, против Хрватска сите три третини завршија со идентични 7-6 за коцкестите.

Македонија имаше водство од 9-8 по 20-тина минути игра, но тој краткотраен блесон беше засенет од противникот, кој до крајот направи комотни три гола предност. Проблем за нашата селекција беа многуте исклучувања и црвениот картон за Крстевски. Димовски беше најефикасен со шест гола, Чакалиќ постигна четири.