Ракометната репрезентација доби нов спортски директор!

Машката ракометна репрезентација на Македонија од денеска има нов спортски директор. Станува збор за ракометниот судија Димитар Митревски.

На управниот одбор на Ракометната федерација, усвоена беше одлуката Митревски да го заземе местото кое во последниве три години го држеше Милчо Чакарески, но сега во еден нов модел.

„Би сакал да се заблагодарам за досегашната соработка со Милчо Чакарески, мислам дека имавме една плодна соработка и со младинските и со сениорската репрезентација, но сега е време за некои промени. Јас предлагам да ангажираме директор кој ќе биде ангажиран врзано конкретно со настан, со од денеска до завршувањето на ЕП“, изјави Живко Мукаетов, претседателот на РФМ.

Тоа значи дека по завршувањето на ЕП, РФМ одново ќе решава за позицијата спортски директор на репрезентацијата, без разлика дали соработката со Митревски би продолжила или би бил назначен нов.

Митревски и Тородовски