Ракометарките убедливо поразени од Швајцарија

Ракометната репрезентација на Македонија до 19 години претрпе убедлив пораз од селекцијата на Швајцарија со 34:22, во рамки на второто коло од ЕХФ-шампионатот во Литванија.

Со овој пораз младинките си го искомпликуваа пласманот во наредната фаза, па затоа „црвено - жолтите“ девојки во четврток ќе мора да слават против домаќинот Литванија.

Швајцарските репрезентативки беа доминантни во текот на целиот натпревар, беа во резултатска позитива постојано и на крајот сосема заслужено дојдоа до целиот плен.  

Најефикасни во нашата селекција беа Дамчевска и Кипријановска со по четири погодоци.