Ракометарките победнички ги почнаа Медитеранските игри во Тарагона

Женската ракометна репрезентација победнички ги започна Медитеранските игри во шпанска Тарагона, откако денеска со 31-26 славеше над Турција во првиот меч на овие Игри, а победата е добредојдена затоа што нашите ракометарки се во иста група со денешниот противник и во квалификациите за СП 21019.

Македонија брзо направи серија од 5-0 за да избега на плус четири уште во првата четвртина од мечот (9-5), а во 19-та минута стигнавме и до плус шест (11-5), по што Макеоднија имаше тотална контрола на мечот и со исто темпо го продолжи настапот и во вториот дел одржувајќи го противникот на дистанца.

Во последната четвртина од мечот, Македонија повторно дојде до највисоките плус шест (22-16), а до крајот да стигнат и до преубедливи (29-21), за на крај да слават со 21-26. Црна Гора ја победи Србија о 36-22, а Македонија задутре ја очекува пресметката со северниот сосед Србија.

Денеска од 16.30 часот на ракометниот турнир за мажи почнува и машката селекција со првиот меч против Турција.