Ракометарките ќе одржуваат кондиција против Црна Гора

Иако нема натпревари во овој период, женската ракометна репрезентација на Македонија, сепак се активира, за пријателскиот двомеч со Црна Гора.

ЕХФ-неделата, селекторот Симе Симовски ја искористи за прв собир во 2019 година, кој ќе служи за одржување како на физичката, така и на менталната кондиција и за повторување на тактичко-технички карактеристики на играта која ја негуваме во последните три и пол години.

Ќе спарингуваме со селекцијата на Црна Гора, прво денеска од 17 часот, а потоа утре во 12, двпаати во „Автокоманда“. Фокусот на селекторот Симе Симовски е да ги провери сите репрезентативки, нивната форма и да го подигне нивото на тимскиот перформанс за уште една нијанса.

Овој собир претставува подготовка за баражот за пласман на СП, против Словенија, предвиден за 2 јуни во Скопје и за 6 јуни во Цеље. Репрезентативките го заработија со одличен настап на предквалификацискиот турнир во декември, во „Борис Трајковски“.