Ракометарите се „опарија“: РФМ им исплати 40.000 евра за пласманот на СП!

Македонските ракометни репрезентативци добија сериозно зголемување на трансакциската сметка, откако Ракометната федерација на Македонија (МКФ) денеска им ја исплати премијата од 40.000 евра за пласман на Светското првенство (СП), кое в година ќе се одржи во Данска и во Германија.

Жолто-црвените до ракометниот Мундијал дојдоа по подобриот вкупен скор во бараж-двомечот со Романија во кој прво победивме со 32-24, а потоа минимално загубивме на реваншот во Клуж (25-26).

Ова ќе биде шесто учество на ракометарите на светските првенства, по настапите во Египет (1999), Хрватска (2009), Шпанија (2013), Катар (2015) и Франција (2017), а вкупно единаесетто учество на големите натпреварувања.

СП во Данска и Германија ќе се игра следната година во периодот од 10 до 27 јануари, а Македонија своите натпревари од групната фаза ќе ги игра во Минхен во Германија, каде што за противници ќе ги има селекциите на Шпанија, Хрватска, Исланд, Бахреин и Јапонија.