Признание од ИХФ: Томовски се најде во топ-10 одбрани на СП! (ВИДЕО)

Македонскиот голман Мартин Томовски се најде во листата на 10 најдобри интервенции во првата фаза на ракометното Светско првенство (СП) во Египет.

Томовски бранеше одлично на дуелот со Чиле, при што одбрани еден пенал и доби место во топ-10 одбрани на СП. Неговата интервенција може да се погледне на 2.05 од видеото.