Претседателот Мукаетов славеше со ракометарите во соблекувална (ВИДЕО)

Ракометната репрезентација на Македонија загуби со еден гол разлика на гостувањето кај Романија, но ја сочува предноста од првиот дуел и обезбеди виза за следното Светско првенство. Задоволството кај ракометарите и целиот стручен штаб беше забележително, а меѓу најсреќните беше и претседателот на Ракометната федерација, Живко Мукаетов.