Познати се цените на билетите за средбите на Македонија на ЕП 2020

Македонската ракометна реперзентација одамна се пласираше на Европското првенство (ЕП) 2020, кое ќе се одржи во Шведска, вчера во Струмица го запечативме првото место, а нашите противници ќе ги дознаеме на ждрепката во Виена, која ќе се одржи на 28 јуни. Ние сме во вториот шешир по квалитет. 

Продажбата на влезниците за ЕП е почната уште на 24 октомври минатата година, кога од ЕХФ им дадоа можност на навивачите да ги резервираат влезниците.

Засега уште не е познато во која група ќе игра Македонија, иако посакуваме тоа да е во Грац или Виена, каде што би можеле да се соочиме со Хрватска или со Австрија и каде што треба да очекуваме солидна поддршка од публиката.

Доколку се случи да играме во Австрија, тогаш пакет билети за сите натпревари во Грац, зависно од категоријата на седиштата, чини меѓу 84 и 249 евра, додека целодневна влезница е 29 евра.

Цената на комплетниот пакет за средбите кои ќе се играат во Виена, пак, се движи од 229 до 619 евра, додека цената на дневните влезници е од 29 до 39 евра.

Среќна околност е што Македонија нема да игра во норвешки Тронхајм, зашто билетите за таму чинат 110 евра, додека блок влезница за шест дена, зависно од категориите се движат од 300 до 466 евра.

Ако пак играме во Шведска, дневните билети за Првата фаза во Гетеборг и Малме чинат од 30 до 95 евра, зависно од трибината.

Блок-влезниците за дуелите во нокаут-фазата се многу повисоки - за средбите кои ќе се играат во австриската престолнина, ќе треба да се одвојат од 149 до 369 евра.

Пакетот за двата меча од полуфиналето чинат од 28 до 122 евра, додека цената на влезницата за меч за третото место е од 15 до 60 евра, додека доколку сака некој да го следи финалето ќе треба да плати од 28 до 190 евра.