Заврши неверојатна серија, Лазаров дочека меч без даден гол на СП!

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров после 41 меч на Светските првенства во четири децении, откако во 1999 година во Египет дебитираше во националниот состав, дочека првпат на еден меч на Мундијалите да не даде гол.

Лазаров денеска не успеа да се запише ниту еднаш во листата на стрелци, откако Македонија доживеа нов убедлив пораз со двоцифрена разлика (32-20) од Русија и тоа е првпат за нашиот најдобар ракометар да остане на нула на контото на голови, откако претходно во сите 41 меч на кој настапи секогаш се запишувал во листата на стрелци.

Лазарво денеска не играше ни премногу, само десет минути мина на теренот, откако Русија набрзина направи голема предност, па од четирите обиди во тој период не успеа ни еднаш да ја погоди мрежата и потоа седна на клупата и го догледа мечот како гледач.

Лазаров на ова СП во Египет, кое го игра по 22 години откако дебитираше во националниот дрес на големите натпреварувања, Лазаров стигна до јубилеј од 300 голови на Мундијалите во првата фаза после пресметката со домаќинот. За Лазаров ова е седмо СП на кое игра со Македонија.