Поповски ѝ донесе реми на Македонија против Италија

Помладената репрезентација на Македонија одигра 26-26 против Италија во втората контролна средба во Турција во рамки на ЕХФ-неделата, откако вчера нашите ракометари успеаа да слават против Турција.

Италија го отвори подобро мечот, па тргна со серија од 4-0, по што и Македонија врати на ист начин и израмни на 4-4. Во продолжение од првото полувреме се играше гол за гол, а на полувреме двете екипи заминаа со 12-12.

Македонските ракометари имаа ептен лош почеток на вторите 30 минути, откако Италија изгради предност од пет гола (21-16), но Македонија успеа да се врати во мечот, а херој на нашите ракометари беше Мартин Поповски, кој од пенал ги постави конечните 26-26.

Македонија ја очекуваат уште два пријателски меча во Скопје и тоа против Грузија. Најпрво на 25 октомври од 20 часот, а потоа на 26 октомври од 16 часот.