По „бомбата“ од 10 метри нема дилема кој е најдобар играч на ЕВРО 2020 (ВИДЕО)

Европското првенство во ракомет полека влегува во самата завршница, а во досегашниот дел од натпреварувањето, еден ракометар особено се издвојува.

Без дилема, најдобар играч во досегашниот дел од турнирот е Сандер Сагосен, кој е вистински лидер во норвешката селекција, која сеуште има максимален ефект на победи.

Норвежаните денеска ја совладаа Шведска во соседското дерби во 23-20 и сега се на чекор до пласман во полуфиналето. На овој меч Сагосен постигна осум погодоци и ја предводеше својата репрезентација до победа.

Овој 23-годишен ракометар во моментов е најефикасен играч на ЕВРО 2020 со 42 гола на пет одиграни натпревари, но сеуште не го кажал последниот збор. За тоа колку има „топ во раката“ најдобро говори еден удар против Шведска, кога топката од некои десетина метри се движеше со брзина од 118 километри на час.