Пешевски со само 11 минути до место во тимот на колото во Бундес лигата (ФОТО)

Македонскиот репрезентативен кружен напаѓач, Жарко Пешевски, одигра само 11 минути во победата на неговиот Штутгарт против Ерланген изминатиот викенд, но тоа не го спречи да биде избран во најдобриот тим на колото во Бундес лигата.

Причина за тоа се неговите четири гола од исто толку обиди, со што даде огромен придонес во триумфот на својот тим. Одличната партија секако ќе биде и причина да добие поголема минутажа во следните натпревари на Штутгарт.

Заедно со Пешевски во најдобриот состав на рундата се наојдоа голманот на Кил, Никлас Ландин, како и Дурак и Милер од Лудвигсхафен, Маријан Михалчик од Минден, Џонатан Карлсбогард од Лемго и Марсел Шилер од Гепинген.