Македонската репрезентација тренираше во салата „Хореа Демјан“ каде што ќе се одигра утрешниот меч со Романија (17.30). Тоа е помалата сала во Клуж, со капацитет од 2.600 гледачи, арно ама не е само тоа скромно, туку и манирите на Романците. Денеска немаше климатизација во салата и Македонија тренираше во пеколни услови, со оглед дека Клуж денеска е пожежок од Скопје. Температурата надмина 30 степени и личеше како да е јулски или августовски ден.