Ова ретко се гледа: Голманот на Исланд го нокаутира Георгиевски, а судиите останаа – неми! (ВИДЕО)

Гоце Георгиевски не го одигра финишот од вечерашната средба на Македонија против Исланд, а причина за тоа беше нокаутот кој го доби од голманот на противникот, Бјоргвин Пал Густавсон.

Десното крило имаше чиста позиција, влета во противничкиот простор од својата позиција, но само милисекунди откако шутна (и промаши) беше ничкосан од исландскиот чувар на мрежата кој излезе кон него. Ногата на Густавсон заврши во лицето на Георгиевски, по што мораше да му се укаже лекарска помош и да се пресели на клупата.

Зачудувачко во целата ситуација е што судиите останаа неми и не досудија ништо освен топка за Исланд поради промашувањето на нашиот крилен ракометар.