Ова е лудо! Во салата во Клуж температурата е 36 степени! (ФОТО)

Времето во Клуж е топло, веројатно како и во Скопје, овие денови, но додека не може да се реагира на природата, може да се преземе нешто за температурата во салата. Арно ама, Романците не прават ништо околу тоа и во „Хорија Демјан“ е пекол.

Од Клуж, ВЛАДКО АРСОВ

Дури и во ситуација кога сталата е полупразна, температурата е неподнослива или 36 степени целзиусови, колку што покажува термометарот. Овој проблем беше забележан веднаш по пристигнувањето во Клуж, уште на вчерашниот тренинг, но организаторите не презедоа ништо. 

На техничкиот состанок со делегатот, било речено дека мечот ќе биде прекинат ако во салата има температура повисока од 28 степени, но...