Откажани се дури 10 натпревари, но евроквалификациите сепак ќе почнат

Квалификациите за Евроското ракометно првенство во 2022 година започнуваат идната недела. Ситуацијата е многу чудна поради големиот број откажани натпревари, но ЕХФ останува на ставот да се одиграат останатите дуели. 

Европската куќа на ракометот има сериозни проблеми и во распоредот на натпреварите во Лигата на шампиони и Лигата на Европа, бидејќи исто така откажани се голем број натпревари поради позитивни на Ковид-19. 

Сега со истата ситуација се соочува и на стартот на евроквалификациите. Откажани се вкупно 10 натпревари во неколку групи. Во Групата 1, каде играат селекциите на Србија, Грција, Белгија и Франција откажани се сите четири натпревари. Во Групата 3, нема да се игра дуелот помеѓу Фарски Острови и Чешка, откажан е дуелот помеѓу Исланд и Израел во рамки на Групата 4, додека во Групата 5 нема да играат ниту Полска и Холандија. 

Нема да играат ниту Белорусија и Италија, како и Норвешка против Летонија. Откажани се и дуелите на Словачка со Хрватска и Шпанија, кои не се дел од евроквалификациите, бидејќи овие селекции веќе имаат обезбедено настап на Европското првенство во 2022 година. 

Македонската ракометна репрезентација во првите две кола од евроквалификациите се среќава со Финска во Скопје на чеврти ноември, а три дена подоцна гостува кај Швајцарија.