Огромна загуба за Македонија: Велко Маркоски го пропушта ЕП!

Македонската ракометна  репрезентација ќе биде ослабена на Европското првенство (ЕП), откако денеска беше објавено дека столбот во одбраната, Велко Маркоски ќе го пропушти големото натпреварување.

Маркоски се повреди во контролниот дуел против Словенија (28-33) кога добие силен удар во окото од Деан Бомбач, по што денеска македонскиот репрезентативец мораше да оди на дополнителни прегледи и беше потврдено дека мора да паузира две недели.

Да потсетиме, Македонија првиот меч на ЕП го игра на 10 јануари против Украина.