Од каде ли никнаа? Скандинавци ќе ни судат против „викинзите“!

Во последното коло од групната фаза на СП 2019, кога се игра во сите четири града-домаќини, ИХФ решила да ги размрда работите, па дел од судиите кои досега свиреа во својот град се прекомандувани.

Затоа Македонија доби арбитри кои досега не ни судеа на ова СП, но поголемиот проблем е што доаѓаат од Шведска, а треба да ни свират против Исланд (денеска 18 часот).

Станува збор за Мирза Куртагиќ и Матијас Ветервик, кои досега престојуваа во Берлин и ја делеа правдата на дуелите Бразил - Франција, Русија - Германија и Србија - Кореја.

Не дека ова мора да значи нешто, но „дуваме и на матеница“ бидејќи овој натпревар со Исланд е решавачки за судбината на Македонија. Ако победиме, продолжуваме во топ-12, ако одиграме реми или ако загубиме, ќе се бориме за пласман од 13. до 16. место. 

Исто како Швеѓаните, прекоманда добија и македонските судии, Начевски и Николов, кои досега делеа правда во Копенхаген, а вечерва ќе судат во Хериннг, на дербито Данска - Норвешка.