Норвешка во шок: Еден од најважните ракометари ќе го пропушти крајот на ЕП

Норвешка доби ужасни вести пред новите возбудувања на ракометното Европско првенство (ЕП), зашто ќе мора да стигне до врвот без помошта на десниот бек Магнус Абелвик Род.

Младиот ракометар доживеа повреда на стапалото во победата против Шведска, па ќе мора да го пропушти крајот на првенството.

„Тешко е, немам што да кажам посебно. Навистина сакав да помогнам на соиграчите да стигнат до полуфинале и финале. Тешко е да се најде мотивација и да се зборува по ова што се случи. Беше фантастично искуство да се игра ЕП пред многу навивачи, благодарен сум за поддршката. Верувам во момците дека ќе донесат злато“, кажа Род.