Норвешка ја „прегази“ Словенија за европска бронза!

Ракометарите на Норвешка го освоија бронзениот медал на Европското првенство, откако во малото финале славеа против Словенија со 28-20.

После поразот од Хрватска по четири продолженија, Норвешка мораше да се задоволи со борбата за бронзата. Инаку, за нив ова е прв европски медал во историјата, по двете сребра на Светските првенства. 

На средбата за третото место, избраниците на Љубомир Врањеш беа конкурентни само во првото полувреме, пред паузата имаа само два гола негатива (9-11), ама лошото отворање и речиси десетте минути без гол донесоа пораз. Норвешка атомски го отвори вториот дел, постигна пет гола во серија за предност од 9-17, па балканската селекција константно бркаше. Највисоко што Норвешка водеше беше осум гола, а Словенија најблиску дојде до шест.

Најефикасен во победничкиот состав беше Јондал со седум гола, Бјорнсен даде пет, а Сагосен и Јохасен запошаа по четири погодоци. На спротивната страна Бомбач забележа пет, а Мачковшек зад своето име запиша четири гола.