Ден ракомет, ден пауза. Таков е распоредот на Македонија, барем, во првите три дена од СП во Германија и во Данска. Меѓутоа и на денот за одмор - нема одмор. На утринскиот тренинг, ракометарите се растрчаа со една партија фудбал, а потоа следуваа важните тактички лекции од Раул. Мечот со Бахреин е утре во 14 часот.

Фото: ПЕТР СТОЈАНОВСКИ