Нема кратење, Раул со сите 19 ракометари ќе оди во Загреб!

Познат е составот со кој Македонија ќе патува на Европското првенство во Хрватска. Селекторот Раул Гонзалес се реши да не прави нови кратења и да патува со 19-те кои ги исфилтрира уште по Нова Година.

Не е првпат и во минатото селекторите да носат „вишок“ играчи од оние 16 кои играат на еден натпревар, па така реши да направи и Раул Гонзалес. На ЕП во Хрватска Македонија оди со 19 ракометари, па дополнително ќе решава кои ќе бидат стартери, а кои ќе чекаат потенцијална замена во текот на првенството.

Составот е ист од новогодишното кратење, кога од комбинација отпаднаа младите Мартин Томовски и Горан Крстевски, така што практично ќе одиме со истите кои играа пријателски натпревари против Србија и против Саудиска Арабија.

Раул ќе има три тренинзи во Загреб на кои дополнително ќе реши кои тројца ќе отпаднат за мечот со Словенија, в сабота од 19.30 часот.

Голмани: Борко Ристовски, Никола Митревски, Златко Даскаловски
Бекови: Кирил Лазаров, Филип Миркуловски, Филип Талески, Филип Лазаров, Немања Прибак, Мартин Велковски, Филип Кузмановски
Крила: Дејан Манасков, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски, Гоце Ојлески
Пикери: Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Маркоски
Одбрана: Аце Јоновски, Велко Марковски