Натурализиравме Србин: Веќе не се чувствувам како странец во Македонија!

Македонската кадетска ракометна репрезентација го заврши пријателскиот турнир во Бугојно на четвртото место. Момците од генерацијата 2000 (и помлади), стекнаа самодоверба, нови искуства, но добија и нов колега и тоа - Србин.

Левиот бек на Металург, Михајло Младеновиќ, дебитира за репрезентацијата на Македонија, на турнирот во Бугојно. Во нивните години не е чудо некој да дебитира за национален тим, но специфичното за Михајло е тоа што тој е роден во Врање. Пред три години беше повикан од Металург на проба, се вклопи во втората екипа, а оваа сезона доби статус на првотимец. Имаше шпекулации дека ќе „стане Македонец“, а сега во Бугојно дебитира за нашата кадетска селекција.

„Веќе долго сум во Македонија, трета година. Целосно се вклопив, Врање е по менталитетот како во Македонија. Не ми требаше долго да се вклопам, добро сум прифатен и воопшто не се чувствувам како странец. Можам да кажам дека сум задоволен, засега.“, изјави Младеновиќ во Бугојно, за порталот Балкан-хендбол.

Тој е врањанец, кој има македонски корени и македонски пасош. Ова не е единствен случај во Металург да игра некој од Врање. Покрај Младеновиќ, сино-бели станаа од мали нозе браќата Стефан и Лазар Додиќ, сепак, тие направиле чекор кон нашиот национален тим.