Нант и ПСЖ ги поделија бодовите: Лазаров стрелец на два гола

Нант и ПСЖ одиграа со резултат 29-29 во големото дерби на 17.коло во францускиот ракометен шампионат. 

Капитенот на македонската репрезентација Кире Лазаров постигна само два гола од осум обиди за домашниот тим. Оливие Њокас и Никола Турна со по шест голови најмногу се истакнаа кај Нант, додека во таборот на ПСЖ, Сандер Сагосен беше најдобар со 11 голови од кои пет од пенал. Родриго Коралес имаше 13 одбрани на голот на „светците“, додека додека на спротивната стрна Емил Нилсен запиша седум одбрани.  

Интересно ова беше прв натпревар во сезоната на кој парижаните не ги освоија сите бодови, односно го запишаа првото реми по 16 победи по ред.

ПСЖ, чиј тренер е Раул Гонзалес останува лидер на табелата со 33 бодови, додека Нант е втор со 27 бодови.