Митревски: Загрижувачки е што сите порази ни се од европски селекции!

Македонија го запиша и четвртиот пораз на ова Светско првенство во Германија и Данска, па утре од 13 часот со поразениот од мечот Катар – Чиле ќе се бори за 15-та позиција на овој Мундијал.

Македонија загуби од Русија со 28-30, а најблескава партија имаше голманот Никола Митроевски, кој собра 15 одбрани, даде и еден гол. Митревски брилјираше и во првото полувреме со Шпанија, но Македонија по двата триумфи против азиските Јапонија и Бахреин, доживеа четири порази во серија и тоа сите од – европски селекции.

„Ги загубивме сите четири натпревари од европските селекции, тоа треба да нè загрижува за во иднина“, вели Митревски, додавајќи дека повторно на Макеоднија ѝ недостигала среча во одреден период од мечот.

„Одигравме солиден натпревар, секој кој влезе во игра го имаше придонес, но како да ни фалеше среќа. Се боревме до самиот крај, но во клучните моменти имавме пад на концентрацијата и на крај загубивме. Утре нè очекува уште еден натпревар, кој треба да го добиеме, пред сè за нас, а потоа и за македонските навивачи. Не бевме надиграни на сите мечеви, се боревме, имавме шанси, но пак таа концентрација ја немавме во клучните моменти“, додаде Митревски.