Медитерански игри: Ракометарите немоќни и против Египет

Македонската ракометна репрезентација го запиша и вториот пораз на Медитеранските игри во Тарагона, откако денеска нашите ракометари предводени од Роберто Гарсија Парондо загубија со 28-34 од Египет. Вчера македонските ракометари доживеаа пораз од Турција со 26-29.

Македонија беше во игра се до втората половина од првиот дел кога последен пат имаше водство од 10-9, по што Египет брзо ја врати предноста и стигна до предност од два гола на полувреме (19-17), по што во вториот дел се играше речиси гол за гол, а последне пат во мечот, избраниците на Парондо се вратија кон средината на вториот дел кога имаа гол негатива (22-23), по што „фараоните“ потоа врзаа два гола за да направат поопиплива предност и во финишот на мечот да влезат со плус шест (31-24) за практично и да го решат победникот на крајот (34-28).

Мартин Поповски со шест гола беше прв стрелец во нашиот тим, а по пет дадоа Филип Кузмановски и Мартин Велковски. Кај Египќаните Омар Хасанеин со осум гола беше незадржлив и прв играч на мечот.

Македонија сега и преостанува дуелот со Србија утре од 18.30 часот, а женската селекција против Египет од 12 часот ќе го одигра вториот дуел во својата група, исто така против Србија.