Македонските јуниори остануваат во Б-дивизија: Белорусија го урна сонот за финале!

Македонската ракометна селекција до 18 години не успеа да се избори за место во А-дивизијата, откако денеска го загуби полуфиналето на ЕХФ шампионатот, кој се игра во Грузија со поразот до 30-32 од Белорусија.

Пресуди првото полувреме, кога Белорусите доминираа и резултатски се одлепија, па потоа за избраниците на селекторот Данило Брестовац беше пеколно тешко да се вратат во мечот во вториот дел и на крајот остана без полуфинале и без шанса да го повторат успехот на младинската селекција од ЕХФ шампионатот во Скопје.

Македонија имаше егал резултат пред завршницата на првиот дел, кога од 12-12, Белорусите направија серија од 5-1 и заминаа на паузата со предност од четири голови разлика (13-17). По стартот на вториот дел Белорусите го контролираа мечот, а Македонија најмногу се приближи кога намали на три минтуи пред крајот на два гола, преполовувајќи ја разликата, о што следеше нереализиран седмерец и уште еден напад за конечен пораз со 30-32.

Македонија сега во малото финале во битката за бронзата ќе игра со Швајцарија, која загуби во првото полуфинале од Италија. Со овој пораз во полуфиналето, Македонија останува дел од Б-дивизијата во оваа категорија.