Македонската ракометна иднина повторно ќе замине на челичење во странство!

Селекторот на младинската и кадетската репрезентација на Македонија, Данило Брестовац, соопшти списоци со ракометари, кои планира да ги носи на нова турнеа.

Во периодот од 29 март до 3 април, Македонија со двете свои селекции ќе учествува на контролен турнир во Унгарија. На него ќе настапат репрезентации и тимови кои ќе дојдат како одлична проверка пред ЕХФ-шампионатите кои ги очекуваат нашите две селекции ова лето.

Ќе тестраат со врсниците од репрезентацијата на Бугарија, тимот на Националната академија на Унгарија, тимот на Спортската академија Елес, како и подмладокот на клубовите Веспрем, Пик Сегед, Чургои, Будимпешта и Хапоел Ашдод од Израел.

Собирот на двете репрезентации ќе биде на 26 март, а Брестовац повика 15 ракометари од селекцијата до 20 години и 19 во таа до 18 години.

Ова е веќе трета пријателска турнеа на македонските надежи, по оние во Полска во октомври и во Романија во декември. 

 

Младинска репрезентација на Македонија (до 20 години):
Матеј Петковиќ, Глигор Гајиќ, Иван Димитровски, Димитар Димитриоски, Марио Танкоски, Дејан Кукуловски, Дарио Петровски, Марко Мишевски, Томислав Јагуриновски, Томче Стојановски, Мице Шилегов, Дејан Ѓошевски, Филип Арсеновски, Антонио Николовски, Стефан Атанасовски.

Кадетска репрезентација на Македонија (до 18 години):
Марко Кизиќ, Виктор Василевски, Андреј Петковски, Дарко Кондев, Марко Божиновски, Христи Биковски, Игор Ѓорѓиев, Дејан Џигероски, Бобан Какоски, Мартин Карапалески, Мартин Серафимов, Васил Витанов, Ненад Костески, Ален Ќосевски, Лука Благопетров, Александар Стојков, Кристијан Симоноски, Давид Даев, Андреј Митиќ.