Македонската иднина на нов тест, почнуваме против Израел!

Македонските ракометари до 18 години денеска ќе го отворат пријателскиот турнир во Романија, во Васлуи, на кој ќе си ги измерат силите со три репрезентации.

Противници на Македонија на овој турнир се домашната селекција, Украина и Израел. Израелците ќе бидат први противници на Македонија, денеска во 18.30 часот.

Оваа генерација, предводена од селекторот Данило Брестовац, веќе имаше еден турнир, во октомври, во Полска, каде што одигра реми со Белорусија, а загуби од Чешка и од Полска. Со Романците играме утре, а со Украина в недела.

Оваа репрезентација, од генерацијата 2000/01 година, се подготвува за ЕХФ-шампионатот во 2018 година.

 

петок (18:30) Македонија – Израел
сабота (16:30) Македонија – Романија
недела (10:30) Македонија – Украина