Македонската ракометна репрезентација утринава замина за Романија, каде во среда го игра реванш натпреварот од баражот за пласман на Светското првенство 2019 година.

Селекторот Раул Гонзалес реши да повика плус уште еден ракометар покрај оние 16 ракометари кои беа во составот за првиот дуел во Скопје. Со репрезентацијата патува и голманот Златко Даскаловски. Првиот тренинг во Клуж македонските ракометари ќе го одработат денеска во 17.30 часот. 

На првиот натпревар одигран во неделата во Скопје, нашиот национален тим славеше победа од 32-24.