Македонија ќе биде во вториот шешир, сакаме група со Хрватска или Австрија!

Македонската ракометна репрезентација со денешната победа против Грција од 27-23 го потвди пласманот на Европското првенство (ЕП) 2020, кое ќе се одржи во Шведска, Норвешка и Австрија од деветти до 26 јануари 2020. Во која од шесте групи ќе играме, ќе дознаеме на ждрепката во Виена, на 28 јуни.

Иако сè уште ЕХФ не ги објави официјално шеширите за ждрепката за ЕП, која ќе се одржи на 28 јуни, сепак според нивните правила Македонија би требало да се најде во вториот шешир затоа што е една од најслабите првопласирани екипи од осумте квалификациски групи. Во првите шешир има место за актуелниот европски првак, Шпанија, за Шведска, како еден од домаќините и за четирите најдобри селекции во квалификациите. Останатите четири првопласирани репрезентации, меѓу кои е и Македонија, ќе бидат во вториот шешир, заедно со вториот домаќин, Норвешка и најдобрата второпласирана екипа.

Прв шешир: Шведска, Шпанија, Германија, Хрватска, Унгарија, Францоја

Втор шешир: Норвешка, Данска, Чешка, МАКЕДОНИЈА, Словенија, Русија

Трет шешир: Австрија, Португалија, Исланд, Летонија, Белорусија, Црна Гора

Четврти шешир: Полска, Швајцарија, Србија, Холандија, БиХ, Украина

Репрезентациите кои се пласираа на ЕП ќе бидат распоредени во шест групи по четири екипи во Грац, Виена, Трондхајм (две групи), Малме и Гетеборг.

Домаќините на ЕП веќе се распоредени, со тоа што Австрија ќе настапува во Виена, Норвешка ќе игра во Трондхајм, а Шведска ќе се бори во Гетеборг.

Од друга страна, распоредени се веќе и Хрватска, која ќе настапува во Грац, Германија ќе игра во Трондхајм, а Данска ќе настапува во групата во Малме.

Македонските ракометари посакуваат да се паднат во групите кои ќе бидат во Австрија, кои се поволни затоа што се наоѓаат поблиску до нашата држава и би можеле да очекуваме поголема поддршка од македонски навивачи на трибините. Тоа значи дека би можеле да играме во Грац, кадеш би се соочиле сигурно со Хрватска и останатите репрезентации илиевентуално во Виена, кадешто противник би ни бил домаќинот Австрија. Ждрепката ќе се одржи на 28 јуни, во Виена.

Првата рунда од натпреварувањето се игра во веќе споменатите градови, додека главната рунда се игра во Малме и Виена, а финалниот викенд ќе се одржи во Стокхолм, претолнината на Шведска.