Македонија и Јапонија го отвораат вториот ден, дербито е Србија - Русија!

Мечот Македонија - Јапонија е прв денеска во нашата група со почеток во 15.30 часот и заедно со дуелот Ангола - Катар го отвораат вториот ден од Светското првенство во Германија.

Синоќа лесни победи „одработија“ домаќините на Мундијалот, Германија и Данска, растурајќи ги Кореја и Чиле, но вистинското почнува денеска. Дербито е во Берлин, каде што Србија и Русија тргнуваат во борбата за третото место во групата А, каде што првите две позиции се резервирани за Франција и Германија.

На програмата денеска има 10 натпревари кои се играат во четири града - Берлин, Минен, Копенаген и Хернинг.