Македонија го запиша вториот пораз на Медитеранскиот шампионат

Македонските ракометари до 18 години го запишаа вториот пораз на Медитеранскиот шампионат во Атина, откако денеска загубија од Тунис со 17-19 (7-6, 6-8 и 4-5).

Сепак и покрај поразот, Македонија ќе освои еден бод, а Тунис два, поради специфичниот начин на бодување на овој турнир. Се играат три третини од по 15 минути и секоја носи еден бод, а македонските надежи ја освоија прватаденеска со Тунижаните, со 7-6.

Во втората загубија со два гола разлика, 8-6, а во решавачката немаа сили да се вратат, па повторно забележаа еден негатива, 5-4. Најефикасни во составот предводен од Никола Матлиески беа Емилијан Ѓоргоновски и Мартин Димовски со по четири гола.

До наредниот меч, кој ќе го играме денеска во 14.45 против Хрватска, имаме пет бода, на петтото место во групата со седум екипи. Во четвртфинале продолжуваат првите четири.