Македонија ги дозна ривалите во разигрувањето за пласман на Медитеранскиот шампионат

Македонските ракометари до 18 години не успеаа да се пласираат во четвртфинале на Медитеранскиот шампионат, откако ја завршија групната фаза со четири порази, едно реми и една победа, па сега ќе разигруваат за пласман од 9 до 14 место, а познати се и ривалите.

Македонија најпрво ќе се соочи со Грција на 20 февруари од 10.30 часот, по што следи меч против Саудиска Арабија на 21 февруари од 10.30часот, а последниот меч ќе се игра против Кувајт на 22 февруари од 10.45 часот.

На табелата за разигрување лидер е Грција со 10 бодови, по што следи Македонија со 6,5, Мароко има 6, С. Арабија 4,5 бодови, Турција има 2,5 и последно место е Кувајт со само 0,5 бодови.